Алиоски: Нашата сила е во заедништвото, сега сме каде што треба да бидеме

алиоски
Алиоски го постигна првиот гол на натпреварот/ фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Македонија го совлада Исланд со 3:1 и си обезбеди пласман во баражот за СП во Катар, а еден од хероите е Езџјан Алиоски. Популарниот Џани го отвори резултатот со голот во шестата минута и ја најави победата.
Тој по натпреварот изјави дека не е случајно тоа штто се случува со репрезентацијата.

Одиме чекор по чекор. Во репрезентација многу се смени генерално, од стручен штаб, претседател, надвор од тимот и други што работат и се гледа. Не е само ние да играме надвор, и тоа да биде успех. Силата е во заедништвото. Тоа е нешто што недостасуваше пред 6-7 години. Сега мислам дека тука сме кај што треба да бидеме, и секогаш можеме да бидеме подобро, но далеку е Катар, затоа што во баражот ќе ни биде тешко. Но, треба да веруваме во нашиот тим, во нашиот квалитет. Сега ни треба поддршка, да биде публиката позади нас – изјави Алиоски кој додаде дека на неговиот гол се радуваа и навивачите на Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот