Ангеловски им честита на фудбалерите: Повторно ја направивте Македонија горда

Ангеловски пет години беше селектор на Македонија/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На новиот успех на фудбалската репрезентација на Македонија му се израдува и поранешниот селектор Игор Ангеловски кој им честираше на фудбалерите.

Ангеловски по настапот на Европското првенство кое се одржа ова лето, ја напушти селекторската функција и на негово место дојде Благоја Милевски.

Популарниот Мрме му се радува на секој успех на фудбалерите, па така беше и сега кога преку социјалните мрежи им честита за пласманот во баражот за Мундијалот во Катар.

Честитки за пасман во бараж натпреварите за СП во Катар 2022. Повторно ја направивте МАКЕДОНИЈА горда, секоја чест“, напиша Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот