Милевски: Овие фудбалери имаат потенцијал за поголеми работи 

Благоја Милевски продолжи со репрезентативните успеси таму каде што застана неговиот претходник/ фото: ФФМ

Благоја Милевски летово седна на селекторското столче кое пред него му припаѓаше на Игор Ангеловски кој пак го оствари најголемиот успех и ја однесе репрезентацијата на Македонија на Европско првенство, но по само четири месеци покажа зошто ја доби довербата.

Фудбалската репрезентација на Македонија го освои второто место во групата Ј во квалификациите за СП 2022 година и обезбеди бараж за Мундијалот во Катар.

Милевски на прес-конференцијата по натпреварот со Исланд, не заборави да им се заблагодари на поранешниот селектор Ангеловски, како и на фудбалерите кои сега не се дел од репрезентацијата.

– Би сакал да се навратам малку наназад, да се заблагодарам на сите што се заслужни за овој успех, тука мислам на мојот претходник, и сите играчи кои беа дел, а веќе не се во репрезентација. Честитки до играчите, до момците, што и да се каже во моментов е малку не само на денешниот меч, туки и на сите натпревари во циклусот. Го очекував ова. Не би се занимавал со оваа работа, доколку не очекувам да бидеме успешни, да имаме успешна соработка со момците – вели Милевски.

Селекторот изјави дека и по примениот гол, не се посомневал во своите фудбалери.
– Искрено во тој момент не се сомневав дека ќе направиме се да се вратиме во мечот, особено што од една случајна ситуација примивме гол. Се радувам, и работевме на тој психолошки момент. Од тоа што ни се случи со Исланд на гости многу научивме и мислам дека таков момент нема да имаме во иднина. Бевме подготвени на секакво сценарио. Ни ја олесни работата тој брз гол бидејќи е поинаку да стартувате со 1:0. Исланд е сериозна репрезентација, играчи кои имаат потенцијал и тоа го покажаа на сите натпревари и бевме свесни дека мораме да бидеме концентрирани до крајот на мечот. Дали ќе постигнавме тој гол порано или подоцна, ние не сменивме ништо во нашата игра – смета Милевски кој додаде дека пред него и пред фудбалерите претстои уште многу работа.

Имаме уште доста работа до она ниво до кое сакам да стигнеме. Мислам дека овие момци имаат потенцијал да достигнат уште многу. Работевме многу да формираме тимска игра, и мислам дека се виде тој момент дека функционираме како тим и како екипа и сите се ставени во функција на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот