Барди, Трајковски и Елмас беа нашите најдобри стрелци во мундијалските квалификации
Завршија сите натпревари од квалификациската група „Ј“ за пласман на Светското првенство во Катар 2022, Германија го освои првото место и се најде директно на Мундијалот.
Препорачано
Македонската А репрезентација со рекордни 18 бодови заврши како второпласирана и ќе игра во баражот, за првпат во нејзината историја.
Нашите најдобри играчи во овие квалификации имаа учинок од пет победи, три нерешени и два порази, со гол разлика 23:11.
Најдобри македонски стрелци во овој мундијалски квалификациски циклус со по четири голови беа Енис Барди, Елиф Елмас и Александар Трајковски, а истиот ефект го имаше и германскиот репрезентативец Лерој Сане, сите на делба на второто место.
Вкупно тројца репрезентативци од Германија беа најефикасни на оваа листа, со по пет погодоци Серж Гнабри, Илкај Гундоган и Тимо Вернер. А по три голови Германците Каи Хаверц и Томас Милер, како и нашиот Езџан Алиоски.
За македонската сениорска селекција во овие квалификации меѓу стрелците се најдоа уште Дарко Велковски (два голови), а по еден гол имаа Аријан Адеми, Дарко Чурлинов, Илија Несторовски, Бобан Николов, Горан Пандев и Милан Ристовски.
Ангеловски им честита на фудбалерите: Повторно ја направивте Македонија горда


