ВИДЕО: Србија ќе игра на СП во Катар, Митровиќ ги шокираше Роналдо и Португалците

Александар Митровиќ со импресивен рекорд во Чемпионшип/ фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Селекцијата на Србија во директниот натгпревар за првото место во групата А приреди изненадување и со 1:2 славеше на гостувањето кај Португалија.

Триумфот над Португалците ја однесе Србија на Светското првенство во Катар бидејќи го освои првото место во групата со 20 бодови, три повеќе од директниот конкурент кого вечерва го совлада во Лисабон. Со ова, Србија стана втората репрезентација од регионот, по Хрватска која обезбеди учество на Мундијалот во Катар, додека Македонија својата шанса ќе ја бара преку баражот.

Натпреварот добро започна за домашната селекција, во осмата минута Ренато Санчез и донесе водство на Португалија, но радоста траеше само до 33. минута кога Душан Тадиќ  го израмни резултатот.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, на стартот од второто полувреме го направи клучниот потег, во игра го внесе Александар Митровиќ на местото на Гудељ. Токму напаѓачот на Фулам во 90 минута го постигна голот кој ја однесе Србија на Мундијалот во Катар, додека Португалија ќе мора да игра во баражот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот