Паднаа „бомбашите“ во Хрватска, уапсени се неколку млади луѓе
Засега не е утврдена директна поврзаност меѓу осомничените од Загреб и тие од Далмација. Сепак, содржината на е-пораките била слична, во заканите испратени до загрепските училишта, испраќачите тврделе дека се припадници на „терористичка ќелија од Сплит“.
Уапсени се неколку луѓе поврзани со бранот лажни дојави за поставени бомби во училишта и други институции низ Хрватска, објави „Јутарњи лист“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оваа информација ја потврди министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ.
Апсења во Загреб и во Далмација
Во средата се приведени најмалку тројца млади луѓе, меѓу кои и еден малолетник.
Според неофицијални информации, во Загреб е уапсен малолетник под сомнение дека испратил серија е-пораки со заканувачка содржина до неколку загребски училишта.
Истовремено, во регионот на Далмација се уапсени две момчиња.
Засега не е утврдена директна поврзаност меѓу осомничените од Загреб и тие од Далмација. Сепак, содржината на е-пораките била слична, во заканите испратени до загрепските училишта, испраќачите тврделе дека се припадници на „терористичка ќелија од Сплит“.
Истрагата потврди и дека нема никаква врска меѓу уапсените и радикалниот исламизам.
Пораките се праќале преку сервиси од Африка и од Европа
Полициската истрага, во која беше побарана и меѓународна помош, откри дека дел од овие пораки биле испратени преку заштитени сервиси од една северноевропска и една африканска земја.
Покрај овие апсења, полицијата во Дубровник извести дека за една телефонска дојава во нејзиниот регион е одговорен 50-годишен маж под дејство на алкохол, кој лажно пријавил експлозивни направи во две образовни установи во Дубровник и Мокошица.
Нови евакуации во Хрватска, повторно стигнале дојави за бомби
Над 500 лажни дојави за една недела
Според полициските проценки, минатата недела во период од само пет дена пристигнале повеќе од 500 лажни дојави на адресите на училиштата, но и на трговски центри и други објекти.
Поради сериозноста на ситуацијата, Министерството за наука, образование и млади испрати официјални упатства до училиштата за начинот на постапување при вакви закани. Според новите насоки, наставата нема автоматски да се прекинува во секој случај, а училиштата имаат слобода да одредат термин за надомест на изгубените часови.
Трендот со лажни дојави за бомби ја зафати и нашата земја. Пред речиси недела имаше дојава за експлозив во трговиот центар „Сити мол“, за која МВР информираше дека била лажна.


