ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА | Средни училишта во Сплит добија морничав имејл со закана за бомби – се спомнува Коста Кецмановиќ

Бран дојави за поставени бомби утрово ги зафати училиштата низ Хрватска, вклучително и во Истарската, Карловачката и Сплитско-далматинската жупанија, објави „Далмација данас“.

Десетици средни училишта во Пула, Карловац, Сплит и Каштела добија заканувачка е-порака, по што учениците и наставниот кадар беа итно евакуирани, додека полицијата спроведува детални проверки за да ја утврди сериозноста на пријавите.

Ситуацијата предизвикала вознемиреност кај родителите и кај граѓаните, а сите дојави детално се истражуваат.

На социјалните мрежи се шири содржина од e-поштата со заканата, испратена до адресите на средните училишта во Сплит.

„Сакам да ве известам дека во Сплит се поставени рачно изработени, смртоносни, експлозивни направи наречени TATP бомби (над 3 кг, насекаде во училиштето), истите направи што ги потресоа Париз, Истанбул, Лондон и училиштата низ целиот свет.

Присутни се неколку ученици, членови на неонацистичката идеологија, кои ќе ја активираат експлозивната направа и ќе се разнесат себеси и целото училиште, а и сите деца во него, бидејќи немаат што да изгубат, тие се живи, но се мртви одамна. Крв ќе тече по скалите, родителите ќе ја газат додека доаѓаат да ги бараат своите најблиски. И нема да најдат никого.

Јас ги следам стапките на Коста Кецмановиќ, тој не беше луд, тој беше скршен… и јас сум скршен… и сите ние што сме тука сме скршени. Единствената разлика е што тој не стигна до крајот,“ пишува во морничавата порака.

Експлозија во Сплит, човек се разнел со бомба?

Покрај училиштата, на удар повторно се најдоа и трговски центри во Загреб. Арена Центар и Арена Парк беа испразнети како превентивна мерка поради дојава за можна бомба, а надлежните веднаш започнаа со инспекции. Во сите погодени градови се води истрага за идентификување на испраќачите на заканите.

Еден ден претходно, училиштата во Приморско-горската жупанија беа цел на вакви пријави, а малку порано, пријави за бомби беа примени и во Дубровник, Сплит и во Загреб. Во средата пријави за бомби пристигнаа и во два трговски центри во Риека, а двата центри беа евакуирани.

Вработените го виделе мејлот по 10 часа: Дојава за бомби во неколку трговски центри во Сараево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот