Овошјето и зеленчукот во земјава се безбедни, резултатите од анализите за присуство на метали се негативни

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски на денешната прес-конференција потврди дека овошјето и зеленчукот во земјава се безбедни. Бабовски најави и дека во наредните денови ќе се знае дали АХВ ќе поднесе пријава за ширење лажна паника и тревога.

Тој информираше дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали.

-Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на опозицијата.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот