Овој едноставен тест со ладна вода за 30 секунди ќе ви открие дали вашето срце е здраво или имате потенцијални проблеми
Две сценарија се возможни откако ќе ги ставите вашите дланки во ледена вода половина минута – прстите ќе ви станат црвени или пак бледи (а можеби дури и модри), тоа покажува колку вашето срце е здраво. Станува збор за едноставен тест кој што се прави со ладна вода и може да си го направите дома.
Препорачано
Овој тест открива каква е состојбата со вашето срце, односно колку тоа е здраво.
Сè што треба да направите е да наполните некој сад со ладна вода (додадете и малку мраз), а големината на садот нека биде доволна за да ви ги собере и двете дланки. Потоа ставете ги дланките во водата и држете ги 30 секунди.
1. Прстите ви поцрвенеа
Тоа е добар знак затоа што црвените прсти покажуваат дека веројатно немате никаков проблем со нивото на кислород во крвта и дека срцето и крвотокот ви се здрави.

2. Прстите ви се бледи или пак модри
Тоа открива потенцијални проблеми со вашата циркулација во телото и можно е да имате ниско ниво на кислород во крвта. Во тој случај по правењето на тестот загрејте ги вашите прсти или пак масирајте ги за да ја подобрите вашата циркулација и да ви се врати нормалната боја.
За оние кои спаѓаат во втората група препорачано е да се тушираат секојдневно со млаз ладна и млаз топла вода наизменично, со цел да ја подобрат циркулацијата во целото тело.


