Илустрација за брза храна / Фото: Pexels

Овие преработени намирници најмногу му штетат на мозокот и го зголемуваат ризикот од деменција

Истражување на научници од Универзитетот Вирџинија Тек покажало дека од сите ултрапреработени намирници, најголема штета за мозокот предизвикуваат преработеното месо и засладените пијалаци, пишува „Саенс алерт“.

Според резултатите, луѓето кои дневно консумирале барем една дополнителна порција од овие производи имале значително поголем ризик од когнитивни нарушувања и развој на болести поврзани со деменција, вклучувајќи ја и Алцхајмерова болест.

Истражувањето опфатило 4.750 лица постари од 55 години од САД, чие здравје било следено во период од седум години, од 2014 до 2020 година.

Научниците редовно ги тестирале нивните когнитивни способности, вклучувајќи помнење, концентрација и способност за решавање задачи.

Во текот на студијата, 1.363 учесници развиле когнитивни нарушувања.

Резултатите покажале дека луѓето кои секојдневно јаделе повеќе ултрапреработено месо имале 17 проценти поголем ризик од проблеми со мозочните функции.

Илустрација за брза храна / Фото: Pexels

Веднаш зад нив биле засладените пијалаци, како газирани сокови, ладни чаеви и овошни пијалаци со многу шеќер, кои го зголемиле ризикот за шест проценти.

Интересно е што истражувањето не пронашло силна поврзаност меѓу когнитивните нарушувања и други видови ултрапреработена храна, како слатки, солени грицки, млечни производи или готови оброци.

Научниците велат дека најопасна комбинација за мозокот би можела да биде токму преработено месо во комбинација со засладени пијалаци.

„Постојат работи што можеме да ги промениме. Најважни се умереноста и балансираниот избор на храна“, изјавила професорката Бренда Дејви, коавторка на студијата.

Истражувачите потсетуваат дека денес голем дел од храната што ја консумираат луѓето е ултрапреработена, односно индустриски обработена и полна со адитиви, бои, засилувачи на вкус и емулгатори.

Според нив, еден од најдобрите начини за заштита на мозокот е намалување на ваквата храна и почесто подготвување домашни оброци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот