Јосип Броз Тито / Фото: Profimedia

„Ова навистина не можам да го јадам“: Јадењето што Тито веднаш го одбил

Јосип Броз Тито важел за голем љубител на добрата храна, но постоело едно јадење кое категорично го одбил штом му било послужено.

Ова го открил неговиот поранешен батлер и личен готвач Јоже Осели, кој работел во резиденцијата на Брдo кај Крањ од 1972 година па сè до смртта на Тито во 1980 година.

Во својата книга „Последните денови на Тито“, Осели запишал дека на југословенскиот претседател секојдневно му биле сервирани различни јадења – најчесто месо со прилози и салати – а тој сам одлучувал што ќе избере да јаде.

Сепак, една ситуација останала особено запаметена.

Кога еднаш му биле послужени полжави, Тито реагирал без двоумење: „О не, полжави навистина не можам да јадам“.

Полжави / Фото: Pexels

Иако во многу делови од светот полжавите се сметаат за деликатес – особено во Франција, каде се служат со путер, лук и магдонос – очигледно не биле по вкусот на југословенскиот лидер.

Осели, кој заедно со сопругата повеќе од седум години се грижел за кујната и организацијата на приемите, имал можност да подготвува храна и за бројни познати личности од политиката и филмот.

Кога станува збор за омилените јадења, Тито особено ја ценел загорската кујна, а меѓу неговите фаворити биле загорските штрукли. Од месо најчесто избирал говедско, а денот го започнувал со еспресо без шеќер.

Иако уживал во храната, понекогаш знаел и да претера, па за него бил изготвен и посебен нутриционистички режим. За неговата исхрана со децении се грижел нутриционистот Бранко Трбовиќ, кој оставил записи во книгата „Менијата на познатите личности – како јадеше Јосип Броз Тито?“.

Рецепт за омилениот ѓувеч на Тито: Ваков специјалитет на сте пробале!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот