Ова момче научи ШТО МОЖЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ доколку се најдете пред ПУТИН во тек на фотографирање (ВИДЕО)

принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на јули го посети Универзитетот во Екатеринбург и одржа разговор со студентите.

По пријатниот разговор, еден од најмоќните луѓе на светот посака оваа посета да ја овековечи во вид на фотографија.

Сепак, за да не биде се онака како што треба, се погрижи едно момче кое застана пред рускиот претседател и го покри.

Додека момчето несвесно за ситуацијата се намести за сликање, Путин зад него се насмевна, а останатите студенти со непријатност ја гледаа ситуацијата.

Путин се обиде да се помести, но и понатака не се гледаше доволно од момчето во сивото палто, па набрзо стручната служба го отстрани од кадарот, а на негово место постави пониско девојче.

Спорниот и смешен момент можете да го видите на 1:07:25

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот