Отворена канцеларија за аплицирање за субвенции во Росоман

Подрачните единици на Министерството се подготвуваат за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за оваа година.

Со цел да се олесни поднесувањето на апликациите за користење на субвенции во Росоман е отворена дополнителна канцеларија која со работа почнува од утре.

Освен во Росоман, вакви канцеларии ќе бидат отворени и во Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски рече дека подрачните единици на Министерството се подготвуваат за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за оваа година.

Тој појасни дека во следниот период, пред почетокот на аплицирањето, ќе се отвораат вакви дополнителни канцеларии од времен карактер за потребите на подрачните единици поради големиот обем на работа и ќе бидат во функција само додека трае периодот на доставување барања.

Димковски оцени дека засега добро се одвива откупот и пласманот на праски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот