Отстранете ги флеките од ножевите со само еден потег: Трикот на оваа домаќинка ќе ве воодушеви и вас!

profimedia

Овој трик е одличен и за чистење на металниот дел околу садоперот.

Жена по име Лаура во групата на Фејсбук „Cleaning Hacks, Tips & Recommendations“ (Трикови и препораки за чистење) објави многу интересен начин за чистење на ножевите, коj и сама гo пробала.

„Трикот за чистење на флеките од ножевите е…… да ги истриете со лимон!“ Ги оставив ножевите во машината за садови предолго и на нив останаа големи дамки од вода, но благодарение на овој трик сега моите ножеви изгледаат како нови“, напиша таа во групата.

profimedia

Додаде дека истиот трик „упалил“ и при чистењето на металниот дел околу садоперот.

Лаура додаде дека лимонот е одличен за сите метални површини, додека за стаклените чаши најдобар е оцетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот