Откриени деталите од тајниот договор: Најтажната принцеза против своја волја останува во палатата

Фото: Профимедиа

Шарлин од Монако потпишала договор со кој е врзана за принцот Алберт

Францускиот магазин „Воаси“ откри пикантни детали за враќањето на принцезата Шарлин во Монако. Имено, новинарите на овој тиражен магазин дошлe до сознание дека таа и нејзиниот сопруг наводно го склучиле финансискиот договор со цел принцезата да ги обавува своите службени должности во кнежевството. Според „Воаси“, принцот Алберт за тоа ќе плаќа голема сума, дури 12 милиони евра годишно.

Шарлин, како што тврди „Воаси“, најголемиот дел од времето ќе го поминува во Швајцарија, каде близнаците Жак и Габриела ќе ја посетуваат за време на празниците, а таа во замена за големата сума на пари ќе мора да учествува на настаните кои се важни за кнежевството. Еден од нив е и „Бал де ла Роуз“.

Фото: Профимедиа

„Балот над баловите“, како што го нарекуваат, во 1954 година го основаше мајката на Алберт, принцезата Грејс Кели, со идеја да го собере високото друштво од целиот свет и на тој начин да собере пари за помош на децата и сиромашните. Овогодишниот „Бал на розите“ е закажан за 8 јули.

Да се потсетиме, принцезата Шарлин конечно излезе во јавноста, првпат по лекувањето во психијатриската клиника вон земјата. Со сопругот Алберт и близнаците Жак и Габриела се појави на трката на Формула 1, која во Монте Карло се одржува секоја втора година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот