Откриена содржината на пораките кои Меган и Хари му ги испраќале на Томас Маркл – „Не ти се лутиме, побарај не што поскоро, само ние можеме да ти помогнеме“

профимедиа

Војвотката од Сасекс ги објави пораките кои таа и принцот Хари ги испраќале на нејзиниот татко пред венчавката, што е дел од тужбата која парот ја покрена против порталот „Mail on Sunday“, пишува BBC.

Меган тврди дека издавачот на „Associated Newspaper“ погрешно ја цитирал пораката со цел да се оцрни парот. Исто така, вели дека таблоидите, особено оние во сопственост на групацијата, предизвикале кавга меѓу неа и нејзиниот татко.

„Associated Newspaper“ вели дека жестоко ќе се брани од обвинението.

Оваа тужба доаѓа откако Меган и Хари, кои по отстапувањето од кралските должности се преселија во Калифорнија, им најавија на британските таблоиди дека прекинуваат секаква соработка со нив.

Меган покрена тужба откако писма кои се пишувани со нејзина рака наменети за татко и, се објавени во „Mail on Sunday“.

Војвотката тврди дека делови од писмото се селективно објавени со цел таа да се претстави во негативно светло. Спорниот текст е објавен во пресрет на 18 мај 2018 година.

Документите упатени до судот содржат и пораки испратени до таткото на Меган, а првото рочиште ќе се одржи подоцна оваа недела.

„Мег и јас не се лутиме“

  • 5-ти мај 2018. Меган му испратила порака со следната содржина „Ти испратив порака и ти ѕвонев, но не ми одговори. Се надевам дека си ОК“.

И следниот ден му испратила порака откако открила дека папарацо фотографиите од нејзиниот татко се наместени.

Му објаснила дека „дискретно и со желба да ја заштити приватноста, има намера да ја организира целата логистика и потребите за својот татко со цел да се заштити од медиумите“ и му кажала дека до венчавката треба да се држи подалеку од новинарите.

  • 14 мај 2018 Томас Маркл и испратил порака на Меган во која се извинува и потврдува дека сепак нема да дојде на венчавката.

Отприлика половина час подоцна и по неколку неодговорени позиви на Томас Маркл, принцот Хари од мобилниот телефон на Меган му испратил порака со следната содржина.

  • „Том, Хари е. Сега ќе се обидам да те побарам. Те молам, јави се. Ти благодарам“.
  • „Том, повторно е Хари! Навистина морам да разговарам со тебе. Не мораш да се извинуваш, ги разбираме околностите, но „излегувањето во јавноста“ само ќе ги влоши нештата. Доколку ја сакаш Меган и сакаш се да биде во ред, те молам јави ми се бидејќи постојат две опции во кои не би требало да разговараш со медиумите, кои всушност ја предизвикаа оваа ситуација. Затоа, те молам, јави ми се да ти објаснам. Мег и јас не се лутиме, само мораме да разговараме со тебе. Ти благодарам.“
  • „Секој разговор со медиумите ќе предизвика негативен ефект, верувај ми, Том. Само ние можеме да ти помогнеме, како што се обидуваме од првиот ден“.

Во документите предадени на судот, се наведува дека медиумите го објавиле само делот од пораката во кои Хари му вели на Том дека не треба да се извинува и дека треба да се јави. Исто така, во тужбата се тврди дека намерно се изоставени деловите во кои Меган и Хари на Томас му нудат помош и заштита и дека се грижат за неговата сигурност.

Па така британскиот пар тврди дека британските медиуми, особено „Associated Newspaper“ ја злоставувале, понижувале и манилулирале со Меган Маркл.

Меган тврди дека медиумската куќа ја предизвикала и кавгата за која тврдеа дека го оправдала објавувањето на писмата и дека предизвикала значителна штета во нивниот однос.

Војвотката ги обвинува медиумите дека ги злоупотребиле приватните информации, ја прекршиле одредбата за заштита на авторските права и селективно објавиле само одредени делови од нејзиното приватно писмо напишано за татко и.

Од друга страна „Mail on Sunday“ наведува дека тие само ја известувале јавноста, дека Меган ги препишала повторно писмата и дека таа нема реални очекувања во врска со приватноста бидејќи, како што велат, припадниците на кралското семејство, вклучувајќи ги и нив, зависат од објавувањето на информации за нив и нивните животи со цел да ја задржат повластената позиција и да се промовираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот