Откажани два милиони летови поради кризата со КОВИД – 19

Авион / Фото: Архива

Штетата во авиоиндустријата од ваквото откажување на летовите проценета на над 252 милијарди долари.

Поради пандемијата на корона вирусот во светот откажани се сите летови до крајот на месец јуни. Станува збор за повеќе од два милиони летови, а со ваквата одлука се очекува авиокомпаниите да претрпат штета од околу 252 милијарди долари, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај, ИАТА.

Од Асоцијацијата наведуваат дека ги следи сите случувања важни за развојот на болеста, заедно со Светската здравствена организација, и дека во согласност со тоа ќе ги издава следните соопштенија.

„Останете силни. Ќе ја надминеме оваа криза и ќе продолжиме да го поврзуваме светот”, изјави главниот извшрен директор на ИАТА Александар де Јуниак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот