Енди Дик / Фото: Maury Phillips / Getty images / Profimedia

Откако беше пронајден без свест поради предозирање со дрога, познатиот комичар Енди Дик заврши на рехабилитација

Комичарот и ѕвезда на емисијата „The Andy Dick Show“, Енди Дик, е примен во рехабилитациски центар во Палм Спрингс. На овој чекор се одлучил откако неодамна преживеа предозирање, а на 13 декември тоа го потврди неговиот претставник за медиуми, Тревор Симс, пренесува „Пејџ Сикс“.

Дик првпат ја сподели веста преку медиумите на 12 декември. Инцидентот бил забележан на видео и фотографии на кои Дик се потпира на ѕид во Холивуд, делумно без свест.

„Зар не изгледам како да сум 100 отсто добро? Дури 110 отсто“, изјави Дик пред снимателот.

Комичарот раскажа дека на 9 декември на тротоарот сретнал непознат маж, а откако седнал покрај него, тврди дека мажот извадил крек-кокаин од џебот.

„Сакав да видашм то прави. И, искрено, не ми пречи одвреме-навреме да земам малку крек“, призна Дик.

Пријателот кој седел до него и го пренесувал инцидентот во живо, изјавил дека истрчал да донесе Наркан – спреј кој се користи за третман на предозирање со опијати.

Портпарол на Противпожарната служба на Лос Анџелес за изјавил дека, без писмена согласност од пациентот, LAFD не може да го потврди идентитетот ниту да објавува заштитени детали за инцидентот.

Долгогодишна борба со зависноста

Енди Дик со години јавно зборува за својата борба со зависноста. Во 2021 година го објави краткотрајниот поткаст „DICKTED with Andy Dick“, во кој отворено ги споделуваше своите искуства.

Кариерата ја започна во 1990-тите со емисијата „The Ben Stiller Show“, но низ годините се соочуваше со бројни правни проблеми и проблеми поврзани со зависноста.

Во 2022 година, Дик беше осуден за сексуален напад врз возач на превоз во округот Лос Анџелес, случка која датира четири години претходно, по што беше обврзан да се регистрира како сексуален престапник, според пишувањата на „Los Angeles Times“.

ВИДЕО | Познат комичар пронајден без свест: Се предозирал среде улица, минувачи го спасувале

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот