ВИДЕО | Познат комичар пронајден без свест: Се предозирал среде улица, минувачи го спасувале
Американскиот актер и комичар Енди Дик беше пронајден без свест на улица во Лос Анџелес, додека минувачите му се приближуваа и се обидуваа да му помогнат. Странските медиуми пренесоа дека се работи за предозирање.
Препорачано
„ТМЗ“ објави видео од него како седи на скалите и ја губи свеста. Минувачите рекоа дека се предозирал и дека повикале брза помош.
Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес им рече на медиумите дека отишле на местото на инцидентот поради предозирање на 59-годишен маж, кој не бил однесен во болница.
Енди Дик подоцна се огласи за медиумите и откри дека пушел крек со непознат маж што го сретнал на улиците на Лос Анџелес. Тој рече дека понекогаш пуши крек.
– Имаше човек на мои години таму и ми беше жал за него. Има деца, беше депресивен и седеше на тротоарот. Потоа пушеше крек и си помислив: „Знаеш што? Можеби ми треба малку од тоа“ – рекол тој.
Инаку, актерот се бори со зависност од дрога и алкохол со години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
55мин
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


