Фото: Visitsaranda.net

Останавме само ние и Косово со минимална плата под 500 евра – и Албанија ја зголеми

Албанија од јануари ја зголемува минималната плата на околу 510 евра, што е пораст од над 25 отсто од сегашната, која беше најниска во регионот, јавија албанските медиуми.

-Од ова ќе имаат бенефит околу 308.000 вработени во јавниот и приватниот сектор и овој потег има за цел да го заштити животниот стандард, да го зајакне човечкиот капитал и да го подобри животниот стандард за илјадници албански семејства, објави Делина Ибрахимај, министерката за економија и иновации.

Таа додаде дека властите очекуваат зголемувањето на минималната плата да влијание позитивно и врз намалувањето на обемот на работа на црно на пазарот на трудот, како и врз зајакнувањето на почитувањето на законските договори и работничките права.

Премиерот Еди Рама, најавувајќи го растот на минималната плата, неодамна рече дека ова ќе биде прво, но не и единствено зголемување во овој мандат на владата, кога тој најавува дека минималната плата ќе достигне 700 евра.

Со исклучок на Косово, каде минималната плата на месечно ниво изнесува околу 350 евра, Македонија сега е единствената држава во регионот во која минималните гарантирани примања за полно работно време се под 500 евра. Износот на минималната плата во земјава е 24.379 денари или околу 396 евра. Сојузот на синдикатите со месеци бара зголемување на минималниот износ на 500 евра, но работодавачите на тоа не се согласуваат, а Владата вели дека ќе го прифати секое решение кое ќе го договорат другите двајца социјални партнери.

Нема шанси за вонредно зголемување на минималецот, компаниите немаат сила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот