Оскаровецот откри дека толку многу пиел што неговата пот всушност била вотка: Јазикот ми беше црн, а јас за тоа го обвинував шампонот!

Фото: ЕПА

Гери Олдман во неодамнешното интервју за „Лос Анџелес Тајмс“ зборуваше за својата кариера, но тој исто така откри и дека едно време бил функционален алкохоличар.

Легендарниот оскаровец кој за златниот кип е номиниран и оваа година за улогата во „Mank“, вели дека веќе 24 години не вкусил алкохол, но му биле потребни две одвикнувања за да се ослободи од зависноста.


Кога еднаш го прашале зошто не оди од сетот дома трезен, тој изјавил дека неговата жена не би го препознала и би го исфлила како партал.

„Ќе седнев и ќе и кажев на келнерката да ми донесе голема вотка-тоник. И дека може да ја донесе веднаш бидејќи сум алкохоличар и ми треба пијалок што поскоро“, изјави тој.


„Луѓето го романсираат тоа, дури и јас го правев тоа“, продолжи тој. „Сите мои херои беа алкохоличари или зависници од дроги па се ви се заматува кога ќе ги видите сите тие поети, писатели и актери… “.

Тој призна и колку всушност пиел „Кога се потев, течеше вотка. Тоа станува дел од вас. Јазикот ми беше црн наутро. Го обвинував шампонот за тоа. Тоа не би му го посакал ниту на најголемиот непријател, бидејќи тоа е пеколот“, заклучи оскаровецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот