Олимписките игри во 2032 година ќе се одржат во Австралија

EPA-EFE/JASON O'BRIEN

Австралискиот град Бризбејн ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година, објави Меѓународниот олимписки комитет.
– Ова е многу горд ден за Австралија и сите нејзини жители. Им благодарам на членовите на ИОК на довербата. Игрите ќе бидат во вредни, благодарни и ентузијастички раце. Им гарантирам на сите спортисти од целиот свет дека тоа за нив ќе биде незаборавно искуство – изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Коутс, кој потоа додаде:

 

Многу од тие спортисти сега се деца кои во наредните две недели ќе бидат пред ТВ екраните и ќе гледаат што ќе се случува во Токио. Климата во Квинсленд, познатите плажи и многу други атракции ќе бидат неодоливи за спортистите, семејствата, пријателите и за сите кои го сакаат спортот.

Главниот град на сојузната држава во Австралија, Квинсленд беше единствен кандидат за организатор и тоа ќе бидат трети Олимписки игри кои ќе се одржат на најмалиот континент. Досега во Австралија се одржаа Игрите во Мелбурн 1956 година и во Сиднеј 2000 година.
„Бризбејн е избран за домаќин на 35. Олимписки игри. Честитаме“, стои на официјалниот Твитер профил на ИОК.
Претходно, ЛОИ ќе се одржат во Париз 2024 година и во Лос Анџелес 2028 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот