Олимпискиот комитет, АМС и федерациите го потпишаа Меморандумот

фото/фејсбук/амс

Како едно од главните барања од страна на Интернационалниот олимписки момитет, денеска Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата на млади и спорт и Националните спортски федерации го потпишаа Меморандумот за разбирање согласно олимписката повелба.

Ова доаѓа после предупредувањата кои доаѓаа на равизијата на спортското законодавство, односно овој Меморандум претставува договор за автономија и независност на Националниот олимспики комитет како на националните федерации.

ИОК од претходно побара до мај 2020 година Законот за спорт да биде во нова усогласена верзија.

Потсетување дека во изминатиот период Македонскиот олимписки комитет го промени името и статутот, и на тој начин со измените мнозинството во собранието го преземаат националните федерации од олимписките спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот