Македонскиот олимписки комитет го смени името и статутот

Фото: mok.org.mk

Од денеска со одлука на Собранието на спортската организација, сменето е името на Македонскиот олимписки комитет, и сега се вика Олимписки комитет на Северна Македонија или скратено ОКСМ.

Воедно организацијата го смени и статутот, а таа промена доаѓа по барање на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Собранието има 53 членови од кои 29 од спортс федерации кои се од олимписки спортови, а останатите делегати ќе бидат од спортови што не се дел од олимписката програма.

Васил Тупурковски ќе остане претседател на комитетот до Олимписките игри во Токио 2020 година.

За потпретседатели се постави првите луѓе на боксерската и кошаркарската федерација, Примислав Димовски, односно Перо Антиќ.

Исто така минатиот месец беше објавено дека од ИОК бараат да се усвои Законот за спорт најдоцна до мај 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот