Олимпиецот Георгиевски на прием во АМС: Желбата е медал во Токио

фото слободен печат

По обезбедената олимписка норма за престојните ЛОИ во Токио, најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, денес беше на прием во Агенцијата за млади и спорт каде истакна дека очекува добри резултати и на најголемиот спортски настан.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека Дејан го обели образот на македонскиот спорт и покрај протоколите за работа и настапи во спортските сали успеа да дојде до посакуваната цел на секој спортист-настап на олимписки игри.

-Дејан покажа дека Македонија има спортисти за големи натпреварувања и секој негов чекор до Токио, како и целокупниот престој во Токио ќе биде подпомогнат од Агенцијата за млади и спорт. Ние како АМС ќе сториме се за Георгиевски и неговиот тим да имаат најдобри услови за подготовки и се надевам дека успесите нема да изостанат –  истакна Мојсовски.

Георгиевски е убеден дека успесите нема да изостанат и дека ќе ја израдува нашата земја со освојување на медал.

-Мотивот на квалификациониот турнир беше огромен, што резултираше со победа над азербејџанецот, олимписки и светски првак во таеквондо, што ја зголемува мојата самодоверба за Токио, и желбата од таму да се вратиме со медал, кој може да  биде и златен – вели Георгиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот