Олеснете си го времето поминато во кујна – Замрзнатата риба, пред готвење задолжително чувајте ја да стои во млеко

млеко
Фото: Профимедиа

Дали знаете дека, млекото освен што можеме да го користиме за пиење, оваа скапоцена течност, можеме да ја користиме и во кујната и со неа многу да си го олесниме секојдневието. Имено, една од работите за кои можете да го искористите млекото е со него да го забрзате процесот на одмрзнување на рибата.

Затоа, кога следниот пат ќе решите да одмрзнувате риба, сетете се на млекото. На сите ни е познато дека свежата риба привлекува со својата арома и свеж мирис, но кога станува збор за одмрзната риба, таа нема некој многу убав вкус. Затоа, за да го подобрите вкусот на рибата што ја одмрзнувате, веднаш штом ќе ја извадите од замрзнувач, ставете ја постепено да се одмрзнува во млеко.

Фото: Профимедиа

Млекото исто така можете да го искористите и за да ја намалите лутината на прстите, после долго сечкање на лути пиперчиња. Па така, доколку сте сечкале лути пиперки или сте гризнале многу лута пиперка по што „устата ви гори“, обидете се овој проблем да го решите со пиење млеко или триење на рацете неколку минути со студено млеко. Лутината од рацете и од устата, за само неколку минути ќе биде минато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот