Оксфордската вакцина е првата која влезе во третата фаза од испитување, дава силен имунолошки одговор со незначителни нуспојави

Научничката од Британија, докторката Сара Гилберт и нејзиниот тим од Универзитетот Оксфорд, ги оставија зад себе десетината други научни тимови од светот кои се натпреваруваат во трката за изнаоѓање вакцина против коронавирус.

Извешатите кои минатата недела ги објави докторката Гилберт покажуваат ветувачки резултати, а испитувањата на оксфордската вакцина извршени врз 1.077 доброволци, откриваат дека по примањето на вакцината, телото дало силен имунолошки одговор со незначителни нуспојави.

Што се наоѓа во Оксфорд вакцината која треба да нѐ заштити од коронавирусот?

За неа, трката за вакцина претставува трка за спас на човештвото. Со оглед дека ковид-19 секојдневно заразува десетици илјади луѓе, таа и нејзиниот тим немаат многу време и брзаат да го завршат проектот – вакцина, која би била едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината.

Борко Андреевски ја прими „Оксфорд“ вакцината против Ковид 19: Сакав да помогнам што побрзо да се најде лек за оваа болест!

Нивната вакцина е првата која влезе во третата фаза од испитувањето. Повеќе од 10 илјади учесници во Британија, Бразил и Јужна Африка веќе ја добија дозата. Вториот дел од фазата 3 вклучува 30 000 учесници од Соединетите Американски Држави и таа треба да почне оваа недела.

Импресивниот напредок на тимот составен од 250 лица кои ги предводи докторката Гилберт не да зачудува ако се има предвид дека кога се случи епидемијата на ебола, Институтот Џенер, каде таа тогаш работела, заедно со Универзитетот Оксфорд беа лидери во испитувањата, а Гилбер, одговорна и за составување на тимот за брза реакција на СЗО против „болеста икс“, како што тогаш била наречена еболата.

Очигледно е дека патогенот, или болеста икс е сега ковид-19 а Гилберт е подготвена, имајќи предвид дека подлога за тоа и даваат долгогодишните истражувања на Мерс-от.

На ковид-19 почнала да работи на 10 јануари 2020, веднаш штом кинеските научници ја објавија генетската низа на вирусот. Од тогаш, таа секое утро се буди во 4 часот и во текот на целиот ден работи на изнаоѓање вакцина за оваа болест.

За вакцината против коронавирусот користи аденовирус од шимпанзо (вирус од обична настинка) со генетски материјал од протеинските капки на вирусот Сарс-Ков-2, за да го поттикне имунитетот на телото да се бори со вирусот. Вакцината, во првичните испитувања стимулирала антитела и Т-ќелии (бели крвни зрнца) кои би го туркала имунитетскиот систем да го уништи ковид-19.

Дополнителна причини зошто докторката Гилберт е суперхерој е податокот дека таа не само што е мајка на три деца, туку тие доброволно учествувале во испитувањата и секое од нив примило по една доза од вакцината против ковид-19.

Во 1994-та година на вработила на Оксфорд, а по четири години родила тројка и станала мајка. Самата вели дека не би успеала во ништо без помошта на нејзиниот сопруг. Тој ја жртвувал кариерата и ја напуштил работата за да може да се грижи за децата.

Колегите ја опишуваат како тивка, вредна и интелегентна жена кој отсекогаш била симпатична, пристојна и како што велат, исклучително посветена.

Но, во текот на последните месеци во многу извештаи се тврди дека жените во оксфордскиот тим се преоптоварени со домашни работи и грижа за семејствот, а тоа негативно влијае врз нивната работа, поради недостиг на време и концентрација.

Оваа забелешка е загрижувачка, имајќи предвид дека жени кои работат на вакви истражувања има многу малку.

Според расположливите податоци, помалку од 30 насто од светските истражувачи се жени.

Во таква ситуација, доктор Сара Гилберт не е само трошка надеж за медицинската заедница, туку и инспирација за жените научници ширум светот.

Учесник во тестирањето на Оксфорд вакцината сведочи за своето искуство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот