Ограбена недовршената црква „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“

Црквата „Свети Константин и Елена“ во Скопје / фото: Raso mk/Wikipedia

Непознати крадци минатата недела однеле предмети од црквата „Св. Константин и Елена“ во изградба, на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, соопшти МВР.

„На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија” во црквата „Константин и Елена” со употреба на сила било влезено во црквата и биле одземени предмети“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Видео на денот