„Огнените“ објавија листа од функционери сменети откако почнаа да се бунат

Фото: „Огнена група“ / ДУИ

Пред денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) таканаречената „огнена група“ незадоволни членови на партијата објави листа на функционери за кои обвинуваат дека „Артан Груби ги разрешува бидејќи мислат поинаку“.

„Возот на Артан Груби и директната закана за политичка елиминација на сите што мислат поинаку во ДУИ, беше изведен на најбрутален можен начин, како што преку ноќ во монистичкиот систем беа разрешени „неподобните“. Разликата е во тоа што овие разрешувања, иницирани од гневот на Артан Груби, беа предупредувани од неговите мегафони, клеветнички портали, корумпирани со парите на граѓаните кои никогаш не гласале за Груби. Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, кадар-модел на ДУИ кој донесе низа победи на Гостивар, по поразите на кампањата на СРМН на Артан Груби. Овој човек е разрешен без никаква забелешка за неговото работење. Ресми Ејупи, Аднан Ејуп, многу директори на клиники, како Алајдин Мемеди, Бесим Кока, Азиз Максути, Ќамил Ковачи, потоа Фикри Алити, Миѓен Селмани, Нехат Нухиу, Ајрула Мустафа и други, беа разрешени само затоа што мислеа поинаку, без никаква причина или евентуален пропуст во нивните должности“, се вели во соопштението од „огнените“.

Овие функционери имаат една цел – демократизација на ДУИ и создавање амбиент за соочување на идеите, а не создавање поделеност меѓу сопартијците, како што направи Груби, за да ја спаси својата незаслужена фотелја, велат од „огнената група“.

-Овие луѓе што ги гледате на фотографијата никогаш не кажале лош збор за Али Ахмети, ниту пак сега кажуваат, но ѓаволноста на Артан Груби и злоупотребата на медиумите под негова контрола, успеа да ги упати сите обвинувања кои беа против него, за апсолутни неуспеси во секоја област, да ги адресира како обвинувања кон Али Ахмети, со образложение дека овие критики не се против него туку против Ахмети. Сите разрешени, а и оние кои не може Артан Груби да ги разреши, предупредија дека овој човек има за цел да ја уништи ДУИ одвнатре, работи за своите луди амбиции, на штета на сите процеси кон албанската заедница во Македонија и во регионот. Артан Груби ги избрка овие на фотографијата, но каде ќе оди Артан Груби кога албанскиот гласач него ќе го разреши?, пишува во соопштението.

Ахмети го постави Бујар Османи за прв човек на ДУИ во Чаир, Изет Меџити е гневен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот