Ахмети го постави Бујар Османи за прв човек на ДУИ во Чаир, Изет Меџити е гневен

Изет Меџити, Али Ахмети, Висар Ганиу/ФОТО ДУИ
Изет Меџити, Али Ахмети, Висар Ганиу/ФОТО ДУИ

Потпретседателот на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) и еден од предводниците на незадоволните членови на партијата кои се претставуваат како „огнена група“, Изет Меџити, во изјава за „ТВ21“ ја искоментира одлуката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го именува Бујар Османи за координатор на огранокот на партијата во Чаир.

Меџити, кој со децении важи за најмоќен човек на ДУИ во скопската општина, вели дека одлуката на Ахмети е нелегитимна, бидејќи не поминала низ партиските органи.

„Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, вели Меџити.

Според информациите на ТВ21, одлуката за именување на Османи за прв човек на чаирскио огранок дошла по предлог на лидерот Али Ахмети, со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Османи, заедно со Артан Груби, е меѓу владините функционери од чие работење се најнезадоволни „огнените“, кои со месеци бараат партискиот лидер Ахмети да ги разреши двајцата од функциите во Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот