Одредени групи луѓе нема да смеат да го користат лекот против ковид на „Фајзер“ и „Мерк“

Фото: ЕПА

Како што се шири варијантата омикрон, првите антивирусни таблети ja ветуваат очајнички потребната заштита за луѓето кои се во опасност од сериозни болести. Но, на многумина на кои ќе им бидат препишани новите лекови од компанијата „Фајзер“ или „Мерк“ ќе им треба внимателно следење од лекар, бидејќи овие антивирусни лекови можеби не се безбедни за секого, предупредуваат експертите.

„Паксловид“ на „Фајзер“, антивирусен лек против ковид-19, е одобрен за луѓе кои имаат состојби кои го зголемуваат ризикот од хоспитализација и смрт, како што се срцеви заболувања и дијабетес.

Но, се чини дека еден од двата лека во антивирусниот коктел би можел да предизвика тешки и по живот опасни интеракции со лековите кои широко се користат, како што се статините, разредувачите на крвта и некои антидепресиви.

Исто така, не се препорачува за луѓе со тешки заболувања на бубрезите или на црниот дроб, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Лекот на „Мерк“ е ограничен само на возрасни

Бидејќи експертите се загрижени за „молнупиравир“ на „Мерк“, неговата употреба е ограничена на возрасни и само доколку други одобрени третмани, вклучително и моноклонски антитела, не се достапни или не се клинички прифатливи.

„Паксловид“ се состои од две таблети на антивирусниот „нирматрелвир“ и една таблета „ритонавир“, лек кој долго време се користи за зајакнување на имунитетот на заболените од сида.

„Ритонавир“ го потиснува клучниот ензим на црниот дроб кој се метаболизира од многу лекови, вклучувајќи го и „нирматрелвир“. Во случај на лекување со „паксловид“, „ритонавир“ го забавува разградувањето на активниот антивирусен лек во телото и му помага долго да остане на терапевтско ниво.

Кои лекови се проблематични во интеракцијата со „паксловид“?

Потенцирачкиот ефект веројатно бил клучен во промовирањето на високата ефикасност на „паксловид“ во клиничките испитувања. Кога „паксловид“ се комбинира со други лекови кои се метаболизираат од овој ензим, главната загриженост е дека „ритонавир“ може да ги зголеми токсичните нивоа на истовремените лекови. Ова ги комплицира работите бидејќи лековите кои претставуваат ризик ги земаат луѓе кои се најмногу изложени на ризикот од коронавирус.

Лековите кои можат да стапат во интеракција со „паксловид“ вклучуваат разредувачи на крв, лекови против срцев напад, лекови за неправилна работа на срцето, висок крвен притисок и холестерол, антидепресиви, лекови против анксиозност, имуносупресиви, стероиди, третмани за сида и лекови за еректилна дисфункција.

„Некои од овие потенцијални интеракции не се баш тривијални, а некои треба целосно да се избегнуваат“, рекол Питер Андерсон, професор по фармакологија на Универзитетот Колорадо.

Интеракциите не треба да ја исклучуваат употребата на „паксловид“

Фармацевтите нагласуваат дека многу интеракции со лекови може да се контролираат и дека не би требало да ја спречуваат употребата на „паксловид“. Добро е што лекарите веќе имаат искуство со употребата на „ритонавир“ кај пациенти со сида.

Лекувањето со „паксловид“ е кратко, започнува во рок од пет дена од почетокот на симптомите, има 30 таблети и се зема три пати на ден, па експертите се надеваат дека ризикот од интеракција со други лекови е низок.

– Пет дена интеракција не е голема работа за повеќето лекови – рекол Џејсон Галагер, специјалист по клиничка фармакологија на заразни болести во Универзитетската болница Темпл во Филаделфија.

„Ако потенцијалната интеракција на „паксловид“ со друг лек претставува ризик, безбедна и ефикасна терапија би бил GlaxoSmith Klein sotrovimab, третман со моноклонско антитело коешто сигурно ја неутрализира варијантата омикрон“, рекол Андерсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот