Одбојкарската репрезентација со двајца дебитанти ќе настапи на ЕП

Најдобрите македонски одбојкари сакаат победнички старт во Европската сребрена лига/Фото: vfmkd.mk

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација Душко Николиќ денеска го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета на Европското првенство. Во однос на дебитантскиот настап на ЕП пред две години, на ЕП во Финска ќе има двајца дебитанти Лука Костиќ и Филип Савовски.

На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски. Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев тренираа со репрезентацијата од собирот на 11. јули, беа и на листата на пријателските натпревари, го дадоа својот придонес во подготвителниот процес, но сепак, за свое деби на европските првенства ќе чекаат друга шанса. Од тимот кој настапи пред две години на ЕП ги нема Милков и Андонов.

Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере каде што од први до осми ќе се обидат да го повторат или да го подобрат резултатот од ЕП во Словенија кога беа победени Белорусија и европскиот вицешампион Словенија.

Одбојкарите во групата која ќе се игра во Тампере, Финска ќе играат против Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот