Одбојкарите без проблеми до втор триумф над БиХ, во сабота се брка нов пласман на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија очекувано со 3:0 во сетови и тоа со 25:20, 26:24, 25:13 ја совлада БиХ на вториот квалификациски турнир за пласман на ЕП.
Одбојкарите пред стартот на вториот турнир кој исто така се игра во Арената „Борис Трајковски“ мораа да слават над БиХ и тоа го остварија, и сега во сабота против Труција ќе играат за пласман на ЕП.

Првиот сет започна со два поени на нашите одбојкари кои предноста од „брејк“ поен ја чуваа до 16:16 кога одбојкарите на БиХ за прв пат израмнија. Се играше поен за поен во наредните четири поени по што Македонија прави серија од 4:0 со која се одлепи на 22:18 и рутински го заврши првиот сет со 25:20.

Вториот сет беше сличен на првиот, македонските одбојкари брзо дојдоа до предност (5:3), а на првиот технички тајм-аут се замина со четири поени предност (8:4). Предноста се зголеми и на пет поени (13:8), но потоа исто како и во првиот сет, доаѓа до пад во играта кој го користат одбојкарите на БиХ и дојдоа до израмнување (16:16). Противникот во вториот сет дојде и до првото водство досега од 20:21 но израниците на селекторот Матијашевиќ успеаја да направат пресврт и со поените на капитенот Никола Ѓорѓиев да триумфираат и во вториот сет, овој пат со 26:24.

Во третиот сет, македонските одбојкари доминираа, поведоа со 3:0, а потоа и 7:1 и веќе беше јасно кој ќе триумфира во овој сет. Предноста на нашите одбојкари се зголемуваше, а пво финишот таа изнесуваше и 11 поени (19:8). На крајот избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ триумфираа со 25:13. Александар Љафтов со 21поен и Никола Ѓорѓиев со 17 поени беа најдобри во нашиот тим.

Одбојкарите в сабота ги очекува втор дуел со Турција на кој ќе се брка пласман на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот