Обвинувањата на НСП за висината на сумата за ремените е неточна информација, тврди Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев коментирајќи ги денешните обвинувања од Независниот синдикат на полицијата дека биле набавени 600 ремени за сума од 300 илјади евра рече дека се работи за неточна информација.

– Нека проверат сите медиуми и јавноста, сите набавки се јавни. Ние и писмено ќе ви доставиме доколку побарате. Се работи за потреба дискутирана на координативното тело, со уредба на Владата се скрати приправничкиот стаж заради потребата од зголемен обем на работа на околу 600 приправници имаме недостаток од опрема, вклучително и ремени, така да таа потреба е дискутирана на координатгивното тело и одобрена, а во однос на висината на цената тоа е јавна информација што во секој момент може да се види, рече Чулев на денешната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот