Томпсон Концерт EPA/ANTONIO BAT

ОБСЕ и ОН бараат истрага за скандирањето „За дом спремни“ во Босна

Мисиите на ОБСЕ и ОН во БиХ ги повикуваат надлежните органи во земјата брзо, темелно и во согласност со домашното законодавство и меѓународните обврски да го истражат инцидентот во Широки Бријег поврзан со скандирањето на слоганот на усташкиот режим „За дом спремни“, истакнувањето на симболи што го одразуваат тој слоган, како и фотографијата на осуден воен злосторник, објави Независне.

Во петок, 13 февруари, контроверзниот хрватски пејач Марко Перковиќ Томпсон одржа концерт во Широки Бријег, и ја пееше „Битката кај Чавоглава“ со усташкиот поздрав „За дом спремни!“, кој публиката го скандираше во дует со него.

Мисиите на ОБСЕ и ОН изјавија дека отвореното прикажување на симболи и величењето на идеологиите на омраза, насилство и масовни злосторства се спротивни на демократските вредности, човековите права и принципите на меѓусебно почитување, достоинство и емпатија кон жртвите на усташкиот режим.

„Ова носи ризик од нормализирање на екстремизмот, кој шири страв во заедницата и меѓу сите граѓани кои сакаат да живеат во безбедна и стабилна средина“, се вели во соопштението на ОБЕС во Босна и Херцеговина.

Мисиите изразија загриженост за овој настан во Широки Бријег и ги повикаа властите во Босна и Херцеговина да ги истражат сите слични инциденти и активности низ целата земја.

„Ја нагласуваме важноста на континуираните напори во образованието, превенцијата и ангажирањето на младите луѓе во борбата против екстремизмот и поттикнувањето култура на критичко размислување, историска свест заснована на факти и почитување на различноста“, се наведува во соопштението, пренесува Срна.

Настапот во салата „Пецара“ беше полн со иконографија, симболи на НДХ и алузии на воените деведесетти години од минатиот век.

Забранет е „За дом спремни“ во Арена Загреб: „Не е дозволена употреба на фашистички или усташки симболи и слогани“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот