Обожавателка со тетоважа инспирирана од дуото „ДНК“: Панчо е оставен без зборови

На својот фејсбук – профил Владимир Блажев – Панчо, дел од музичкото дуо „ДНК“ објави фотографија од нивна обожавателка од Битола.

Девојка по име Марина Ангеловска на раката го истетовирала името на бендот чија фотографија Панчо ја сподели јавно, а под објавата во неверување за овој гест раперот напиша:

Ни на сон не би ми паднало на памет дека ќе бидеме нечива инспирација за да ни посветат дел од своето тело. Буквално сум оставен без зборови. Марина капа доле, стои под фотографијата која Панчо ја сподели на неговиот фејсбук – профил.


Андреја Ѓорѓиески и Владимир Блажев – Панчо го сочинуваат дуото „ДНК“ кои како артисти со претходно музичко искуство и образование започнуваат заедничка кариера во 2001 година кога и го промовираат првиот сингл со наслов „Девојка за везден“ за кој снимат и видео запис.

Како дуо тие имаат бројни обожаватели на нивната музика во нашата земја и надвор од неа, а несомнено дамите се нивни најголеми фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот