Обожавателите во „кома“, музичкиот феномен БТС ќе паузира, членовите ќе одат во војска
Фановите на корејската поп-музика се во „кома“ – највлијателниот бенд во тој жанр, светскиот музички феномен БТС, ќе паузира. На заедничките проекти би можеле да се вратат дури во 2025 година. Причината за оваа одлука, која Hybe Entertainment му ја соопшти на светот во понеделникот, е заминувањето на Ким Сеок-Џин, или едноставно Џин, во војска. Јужна Кореја има задолжителен воен рок од 18 до 21 месец кој мора да го завршат сите здрави мажи до 30-тата година од животот.
Препорачано
View this post on Instagram
– Членовите на БТС во моментов работат на исполнување на воените обврски. Џин ќе го направи тоа наскоро, откако ќе објави соло песни на крајот на октомври. Другите членови на групата ќе го направат тоа според нивните лични распореди – пишува во објавата на Bighit Music, дел од Hybe, под чија етикета БТС ги објавува своите песни.
– По објавувањето на нивниот прв антологиски албум претходно оваа година, се оствари можноста сите членови да посветат време на нивните индивидуални проекти. Ние ги поддржуваме и ги охрабруваме нашите уметници и сме исклучително горди што секој од нив сега ќе има време да ги истражи своите единствени интереси и да ја исполни својата должност кон својата татковина – продолжуваат тие – По феноменалниот концерт на кој му дадоа поддршка на Бусан во неговата кандидатура да биде домаќин на World Expo 2030, а бидејќи секој од членовите има некој свој проект, дојде вистинскиот момент за сето тоа.
Во текот на викендот, сите пишуваа за огромниот, бесплатен концерт во градот Бусан, голем пристанишен центар на југот на земјата, кој сака да биде домаќин на велелепната светска изложба во 2030 година. Концертот наречен „Допрва ќе дојде“ го следеа повеќе од 50 милиони луѓе на различни платформи.
– „Допрва ќе дојде (Најубавиот момент)“ (Yet To Come (The Most Beautiful Moment)) е повеќе од песна од нивниот последен албум. Тоа е ветување, нѐ чекаат многу работи во годините што доаѓаат од БТС – пишува во соопштението.
View this post on Instagram
БТС е формиран во 2013 година и, заедно со женската група „Блекпинк“, се лидери во жанрот к-поп, кој според статистиката е на шестото место меѓу десетте најдобри музички пазари во светот. Целата субкултура што се настана околу него, а која беше прифатена и од младите на Запад, носи огромен профит. Рекордот беше достигнат во 2020 година, кога к-попот доживеа раст од речиси 45 отсто и се позиционираше како најбрзо растечки пазар во годината во музичката индустрија.
ВИДЕО | Корејскиот поп-бенд „BTS“ ја посети Белата куќа и зборуваа за омразата кон Азијците во САД


