Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

ВИДЕО | Корејскиот поп-бенд „BTS“ ја посети Белата куќа и зборуваа за омразата кон Азијците во САД

Глобалните коререјки поп (К-поп) ѕвезди „BTS“ беа во Белата куќа во вторникот за да разговараат со претседателот Џо Бајден за злосторствата од омраза и дискриминација против Азијците.

Со нивните танцови видеа и заразни песни, „BTS“ е еден од најпопуларните поп-бендови во светот. На прес-брифингот во Белата куќа, тие зборуваа за важноста на вклучувањето и застапеноста на Азиското население.

фото: USA, 31 May 2022. EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Преку преведувач, Џимин од „BTS“ им рече на новинарите: „Бевме длабоко растревожени од неодамнешниот наплив на злосторства од омраза, вклучително и злосторства од омраза кон азиските Американци. За да ставиме крај на ова и да ја поддржиме каузата, би сакале да ја искористиме оваа прилика да се изразиме уште еднаш“.

„Не е погрешно да се биде различен. Еднаквоста започнува кога ќе се отвориме и ќе ги прифатиме сите наши разлики“, додаде Суга.

фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Минатата година претседателот Бајден го потпиша Законот за злосторства од омраза Ковид-19 за да им даде ресурси на органите за спроведување на законот да ги истражат злосторствата против азиските Американци и домородните жители на Хавајски и Пацифички острови.

Фото: USA, 31 May 2022. EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот