Новак Ѓоковиќ/EPA/JOEL CARRETT

Обложувалниците веќе го отпишаа Ѓоковиќ – Синер никогаш не бил поголем фаворит

Новак Ѓоковиќ избори место меѓу четворицата најдобри на Австралија опен, откако неговиот противник Лоренцо Музети беше принуден да го предаде мечот поради повреда. Сепак, патот кон финалето за српскиот ас води преку исклучително тежок предизвик, дуел со Јаник Синер.

Реалноста е дека Ѓоковиќ повеќе не доминира како во своите најсилни години, додека Синер се наоѓа во врвна форма и ретко кога влегол како поголем фаворит во пресметка со легендарниот Србин. Тоа го потврдуваат и обложувалниците, каде што шансите се драстично наклонети на страната на Италијанецот, коефициентот за победа на Ѓоковиќ се движи околу 10, наспроти само 1.08 за Синер.

Ваквите бројки предизвикаа реакции кај дел од навивачите, кои сметаат дека станува збор за потценување на еден од најдобрите тенисери во историјата. Сепак, општото мислење е дека Синер во полуфиналето влегува со многу поголеми шанси за победа.

Доколку успее да ја мине оваа пречка, Ѓоковиќ ќе добие можност да се бори за својата јубилејна, 25. грен-слем титула, мотив кој сигурно ќе биде дополнителен адут за српскиот тенисер.

Ѓоковиќ се извлече: Музети доминираше, па му подари полуфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот