Објавени први позитивни резултати за вакцина против рак на кожа

Profimedia
Илустративно фото: Профимедиа

Американските лаборатории „Модерна“ и „Мерк“ објавија позитивни прелиминарни резултати за вакцина против рак.

Оваа вакцина се произведува со технологија на информациска РНК, а се дава во комбинација со антиканцероген лек.

Во текот на тестирањето на околу 150 луѓе со меланом, оние што ја примиле вакцината истовремено со лекот против рак, имале намалување од 44 отсто на ризикот од повторно појавување на ракот или од смртен исход во споредба со луѓето што земале само лек.

„За првпат го покажавме потенцијалот на информациската РНК во едно клиничкото испитување на меланом“, рекол во соопштението Стефан Бансел, шеф на „Модерна“.

„Модерна“ и „Мерк“, познати по името МСД надвор од Северна Америка, предвидуваат наскоро да ги објават целосните резултати од испитувањето, чии резултати сѐ уште не ги верификувале експертите.

Компаниите планираат да го започнат и таканареченото тестирање тип три во 2023 година, односно на многу поголем број пациенти.

Технологијата со информациска РНК се покажа како клучна во борбата против пандемијата ковид-19. „Модерна“ направи пробив на фармацевтскиот пазар со тоа што беше меѓу првите, заедно со „Фајзер-Бионтек“, кои направија вакцина против ковид-19 користејќи ја таа технологија.

Таа технологија се смета за ветувачка во борбата против голем број други болести.

Лекот против рак е одобрен само во САД.

Развиената вакцина против меланом е персонализирана, осмислена и произведена врз основа на единствениот мутациски потпис идентификуван на туморот на пациентот, се наведува во соопштението.
Во текот на испитувањето, пациентите прво имале операција за отстранување на туморот пред да имаат третман со до девет дози од вакцината.

Околу 325.000 нови случаи на меланом се дијагностицирани во 2020 година во светот, се наведува во соопштението.

Двете компании во октомври објавија дека постигнале договор за заеднички развој и комерцијализација на вакцината против рак на кожата. Тие предвидуваат да ги делат трошоците и потенцијалниот профит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот