Ново истражување: Пред 4,5 милијарди години Месечината се создала при судир на Земјата со друга млада планета

Фото: Pixabay

Земјата изгубила дури 60% од својата атмосфера при судир со друга млада планета што ја создала Месечината, открило новото истражување.

Во новото истажување предводено од Универзитетот Дурам биле вклучени повеќе од 300 суперкомпјутерски симулации специјално дизајнирани да ја покажат последицата од огромниот судир на нашата планета.

Нивните откритија довеле до развој на нов начин за предвидување на атмосферски загуби од каков било судир при широк спектар на влијанија на карпести планети.

Истажувачите повторно се вратиле на испитување на потеклото на Месечината како и на нашиот Сончев систем.

Дел од истражувачите тврделе дека Месечината била формирана пред околу 4,5 милијарди години по судир на нашата Земја и друга планета со големина на Марс.

Д-р Џејкоб Кигирис, од Институтот за компјутерска космологија при Универзитетот во Дурам, изјавил дека научниците напорно работат на откривање на оваа мистерија.

„Поминавме стотици различни сценарија за многу различни планети што се судираат, кои покажуваат различни влијанија и ефекти врз атмосферата на планетата во зависност од бројни фактори како што се аголот, брзината на ударот или големината на планетите“, истакнал тој.

Симулациите не можеле со сигурност да кажат како настанала Месечината, но научниците тврдат дека истите ги покажале ефектите од џиновскиот судир врз атмосферата на Земјата.

Ова истражување може да се искористи во обидот да нè доведе поблиску до разбирање на потеклото на нашиот најблизок небесен сосед.

На почетокот на оваа година, првичното истражување на Универзитетот Дурам било дека огромните влијанија што доминираат во доцните фази на формирањето на планетите, можело да имаат широк спектар на последици врз младите планети и нивните атмосфери.

Таа студија испитувала начини на кои може да се менува атмосферата на планетите со влијание на предмети под различни агли, маса, големина и брзина.

Симулациите откриле дека Земјата веројатно изгубила некаде од 10% до 60% од нејзината атмосфера во судирот од кој настанала Месечината.

Тие дошле до различни исходи, што доведува до загуба или добивка на атмосферата и дали всушност при ваквиот вид судири може да дојде до целосно уништување на една од погодените планети.

Месечината одблизу / Instagram

Д-р Луис Теодоро, од Факултетот за физика и астрономија при Универзитетот во Глазгов рекол:

„Овој голем пакет на планетарни симулации фрла светлина и на улогата на влијанијата во еволуцијата на егзопланетите слични на Земјата.“

Месечината одблизу / Instagram

Симулациите со висока резолуција биле извршени со употреба на „SWIFT“ код за симулација со отворен извор. Тие биле извршени на суперкомпјутерот „COSMA“, дел од компјутерскиот објект „DiRAC High-Performance“ во Дурам.

Уште една интересна теорија е дека телото со кое се судрила нашата планета понекогаш го нарекувале Теја, според митот за Титан од грчката митологија, која била мајка на Селена, божица на Месечината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот