Нова сензација на „УС Опен“, Тиафо ја продолжува тениската бајка во Њујорк

Американскиот тенисер Френсис Тиафо запиша нова голема победа на „УС Опен“/Њујорк, САД/7 септември 2022/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

После големата победа над Рафаел Надал, американскиот тенисер Френсис Тиафо запиша уште еден историски триумф во неговата кариера пласирајќи се во полуфиналето на грен слем турнирот „УС Опен“.

Пред домашната публика Тиафо успеа со резултат 3:0 во сетови да го елиминира деветтиот носител во Њујорк (САД), Андреј Рубљов.

Првите два сета Американецот ги доби во тај-брејк, првиот со 7:3, а вториот без загубен поен со 7:0, а третиот сет го освои со 6:4.

Тиафо за пласман во големото финале ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Веќе е позната првата полуфинална двојка кај мажите, Карен Хачанов ќе ги одмери силите против Каспер Руд.

Во женска конкуренција како полуфиналистка се промовираше и шестата носителка Арина Сабаленка која со 6:1 и 7:6 (4) триумфираше над Каролина Плишкова од Чешка.

Сабаленка во полуфиналето ќе игра против победничката од последниот четвртфинален дуел во кој се среќаваат Ига Швјонтек и Џесика Пегула. Вториот полуфинален пар е Каролин Гарсија – Онс Жабер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот