Нивната култура е речиси недостижна: Трикови за воспитување на децата од јапонските родители (ВИДЕО) - Слободен печат
МагазинСемејство

Нивната култура е речиси недостижна: Трикови за воспитување на децата од јапонските родители (ВИДЕО)

Здраво дете значи и среќно дете, па можеби не е лоша идејата да научиме неколку совети од Јапонците кога станува збор за начинот на воспитување и одгледување деца.

Јапонските деца се најпознати по нивната љубезност, пријателски и искрен однос, кој тешко можете да го сретнете на друго место во светот. Нивната култура е посебна, нивната дисциплина е речиси недостижна.

Никојпат нема да видите дете во Јапонија кое вреска во супермаркет за да му се купи нешто (нормално секаде има исклучоци), но тука тоа е неверојатно ретко.

Според досегашните истражувања, децата во Јапонија се меѓу најздравите во светот. Здраво дете значи и среќно дете, па можеби не е лоша идејата да научиме неколку совети од Јапонците кога станува збор за начинот на воспитување и одгледување деца.

Еве неколку важни работи што Јапонците ги прават за децата:

– Го фалат нивниот труд, не знаењето и способноста.

– Ги учат децата на почит кон постарите.

– Ги учат децата кон секого да се однесуваат со почит и разбирање, подучувајќи ги дека потценувањето не е примерно.

– Децата пешачат сами до училиште, повеќе од 98 проценти од децата на училиште одат пешки.

– Јапонците никогаш не им викаат на децата.

– Многу се блиски со своите деца.

– Подготовката на оброкот е страшно важна работа за јапонските мајки, тие стануваат рано за да им подготват на децата здрав оброк.

– Ги учат децата да бидат независни и сигурни во себе, од малечки ги учат да помагаат во домот и надвор од него и никако да не оставаат неред зад себе.

– Родителите никогаш не ги караат децата пред други луѓе, ниту пак им викаат пред други луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close