Фото: Image Press Agency/NurPhoto/Shut / Shutterstock Editorial / Profimedia

Никол Кидман итно однесена во болница – била многу бледа и се тресела

Никол Кидман е хоспитализирана откако, и покрај тешкиот грип, снимила напорна сцена на професионално борење за серијата „Марго има проблеми со парите“ (Margo’s Got Money Troubles).

Нејзиниот колега Ник Оферман раскажал како актерката, иако болна, го одработиал снимањето професионално, по што веднаш била однесена во болница.

Оферман раскажал за магазинот „Пипл“ каков бил денот на снимањето на 22 април.

– Пристигнавме наутро, се загреавме… некои од нас требаше навистина да се борат, па имавме каскадери и луѓе со кои вежбавме – рекол тој.

Во серијата, Кидман ја игра професионалната борачка Лејс, а Оферман го игра нејзиниот соперник Џинкс, а требало да снимат сцена со борбата во рингот.

– Тогаш пристигна веста дека Никол имала грип и можеби воопшто нема да дојде на снимањето. Сите си помисливме: „О, не, тоа е ужасно, бидејќи имаме го само овој еден ден за кој го подготвивме целиот овој спектакл – раскажал Оферман.

Но, Кидман, која е и извршен продуцент на серијата, не дозволила болеста да ја спречи.

– Таа вест ја добивме околу осум часот наутро. Околу 11 часот, пристигна нова вест: Никол доаѓа – открил Оферман.

Оскаровката била „многу болна“, рекол Оферман, но сепак дошла на работа.

– Никол беше толку бледа и се тресеше. Имаше навистина тежок грип – опишал тој.

И покрај тоа, Кидман „како вистинска суперхероина одработила сè што требало за да не изгубиме ниту дел од она што ни беше потребно за нејзиниот лик“.

Откако ја снимила физички напорната сцена, Кидман била „итно однесена во болница на инфузија“.

– Ѝ реков: „Веќе ти се восхитував толку многу, но вака се станува Никол Кидман – со тоа што ќе се појавиш за твојата серија да не изгуби ниту минута од твојата вредност. Беше толку великодушно. Неверојатно – воодушевено раскажал Оферман.

Самата Кидман претходно овој месец изјавила за „Пипл“ дека „многу се плаши да не се повреди“.

– Кога се качив во рингот, само реков: „Добро, ајде одиме. Бидејќи секогаш кога правам нешто, си велам: „Во ред, морам да бидам многу внимателна“, а потоа едноставно заборавам на секоја претпазливост и целосно се препуштам – рекла оскаровката.

Киднам во една прилика ја објаснила својата работна етика.

– Дојдов од мала индустрија која се бореше за опстанок – австралиската филмска индустрија. Целиот мој став беше да работам. Не стануваше збор за избирање улоги, бидејќи мораше да се заработат пари. Не потекнував од богато семејство. Секогаш беше важно само да работам како актерка – изјавила таа за „Њујорк тајмс“ во 2020 година.

Никол Кидман ретко зборува за Том Круз, но сега откри: „Стенли Кјубрик ни го саботираше бракот“

ВИДЕО | Објавен е трејлерот за „Практична магија 2“ – Сандра Булок и Никол Кидман се враќаат на филмското платно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот