Никој не успеа да ја надмине – Кајли Џенер втора година по ред е најмладата милијардерка во светот

инстаграм

На годишната листа со милијардери се најде и Кајли Џенер и тоа втора година по ред…

Таа со своите 22 години е најмладата милијардерка на планетата, благодарение на козметичкиот бренд „Kylie Cosmetics” кој и донесе големо богатство.

Да се потсетиме, Кајли во март 2019 година од првото место го оттргна основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг (35), кој стана милијардер во 2008 година, на свои 23 години.

View this post on Instagram

movie suggestions? ?

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner) on

Потоа таа во ноември 2019 година, продаде 51 процент од својот козметички бренд, на компанијата „Coty Inc.“, за неверојатни 600 милиони долари.

Со договорот кој беше заклучен во јануари 2020 година се подразбира дека нејзиниот бизнис сега е вреден 1,2 милијарди долари, а таа и понатака самостојно поседува 49 проценти од компанијата.

View this post on Instagram

my mini ??

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner) on

Инаку, Кајли е една од 2.095 луѓе во светот кои имаат богатство од 10 бројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот