Ник Рајнер / GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Ник Рајнер доби нов адвокат откако претходниот се повлече пред судењето за убиство на родителите

Ник Рајнер, синот на убиениот режисер Роб Рајнер, доби нов адвокат откако неговиот претходен адвокат се повлече од случајот, пред судењето за убиство на родителите.

Ник повеќе нема да го брани Алан Џексон, кој се појави на првото рочиште по апсењето, па му е доделен адвокатката Кимберли Грин, пренесуваат странските медиуми.

Ник присуствуваше на судењето во Лос Анџелес каде што се изјасни за невин. По разговорот со судијата, адвокатот Џексон рече дека неговиот правен тим немал друг избор освен да се повлече од овој случај.

Судењето беше продолжено до 23 февруари оваа година. По рочиштето, адвокатот Џексон рече дека не може да каже зошто се повлекува од случајот, но рече дека Рајнер не е виновен за убиство.

Исто така, портпаролот на семејството Рајнер рече дека имаат најголема доверба во правниот процес.

За потсетување, обвинителот Натан Хохман изјави дека се очекува Ник да биде обвинет за две точки од обвинението за двојно убиство, како и за употреба на опасно оружје.

Хохман рече дека обвиненијата би можеле да резултираат со доживотна казна затвор. Исто така, Ник Рајнер повеќе не е под надзор за евентуално самоубиство во Поправниот центар „Тви Тауерс“ во Лос Анџелес. Тој моментално е во самица.

Синот на Роб Рајнер денеска е изведен пред суд: Можно е да се соочи со смртна казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот