Роб Рајнер со сопругата Мишел и нивниот син Ник / Фото: Profimedia

Синот на Роб Рајнер денеска е изведен пред суд: Можно е да се соочи со смртна казна

Помладиот син на убиениот холивудски режисер Роб Рајнер, Ник Рајнер, денеска повторно ќе се појави пред суд, каде ќе се изјасни за обвинението за убиство на своите родители. Првото појавување на Ник Рајнер пред суд беше ненадејно прекинато на 17 декември, кога судијата го одложи рочиштето за три недели на барање на одбраната, пренесува „Ројтерс“.

Се очекува Рајнер да се изјасни дека не е виновен. Тој е обвинет по две точки за убиство од прв степен и за напад со остар предмет врз своите родители, режисерот и актер Роб Рајнер (78) и фотографката и продуцентка Мишел Сингер (70).

Телата на брачниот пар беа пронајдени на 14 декември во нивниот дом во западниот дел на Лос Анџелес. Обвинителството соопшти дека тие биле убиени рано наутро истиот ден. Властите засега открија малку детали за околностите на злосторството и не понудија објаснување за можниот мотив.

Обдукцијата покажала дека двете жртви починале од „повеќекратни повреди предизвикани од остар предмет“.

Доколку биде прогласен за виновен, Ник Рајнер би можел да се соочи со доживотен затвор без можност за условен отпуст или со смртна казна. Окружниот обвинител Нејтан Хочман изјави дека обвинителството сè уште нема донесено одлука дали ќе бара смртна казна.

Роб Рајнер имаше богата кариера во шоу-бизнисот, од улогата во култната телевизиска серија од 1970-тите „Сè во семејството“, до режијата на популарниот филм од 1989 година „Кога Хари ја запозна Сали“. Тој беше и истакнат активист на Демократската партија во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот