Невакцинираните тенисери можат да играат на „Австралија опен“?!

Вакцината е услов за учество на грен слем турнирот во Мелбурн/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Невакцинираните тенисери ќе имаат право да учествуваат на грен слем турнирот „Австралија“ опен следната година, под услов да поминат 14-дневен карантин.

Ова го соопштија медиумите во САД, повикувајќи се на порака испратена од женската тениска асоцијација ВТА до спортистките.

Вакцинираните со две дози ќе можат да бидат дел од грен слем турнирот во Мелбурн, без карантин и без да бидат ставени во „балон“.

Но, има многу натпреварувачи од АТП и ВТА кои не се вакцинирани, помеѓу кои и Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер.

Државниот секретар на Викторија, Мартин Пакула, вели дека сè уште не е донесена официјална одлука за тоа дали невакцинираните странски играчи ќе бидат дозволени во земјата.

– Нема да има конечна одлука во следните неколку недели – рече Пакула.

Ѓоковиќ ја започна 344 недела на врвот на АТП листата

Видео на денот