Светот се подели поради Ѓоковиќ: Нападите доаѓаат од Австралија, Британците го бранат

Новак Ѓоковиќ не би требало да има проблеми да учествува годинава на „Ролан Гарос“/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ се наоѓа под будното око на тениската јавност поради неизвеноста околу неговиот настап на Австралија Опен.

Австралиските власти изминатите неколку денови постојано повторуваат дека тенисерите и тенисерките мора да се вакцинираат доколку сакаат да настапат на грен слем турнирот кој во јануари идната година ќе се одржи во Мелбурн.

Од друга страна, Ѓоковиќ е таинствен кога станува збор за вакцинацијата против коронавирусот и неодамна изјави дека нема да каже јавно дали е вакциниран или не.

Како што стојат работите, доколку се појави во Мелбурн идната година, публиката можно е да не биде наклонета кон деветкратниот шампион на Австралија Опен бидејќи се повеќе се наоѓа како цел на критики бидејќи не сака да се вакцинира. Во Австралија веќе почна да се создава непријателска атмосфера против Ѓоковиќ, а новинарите се меѓу најгласните.

– Не можеме да го пуштиме на турнирот бидејќи на трибините бидејќи луѓето кои ќе бидат на трибините имаат примено две вакцини. Впрочем тој повеќе не е наш фаворит –изјави Карл Стефанович, познат австралиски новинар.

Изненадувачки, во одбрана на Ѓоковиќ застанаа Британците кои досега беа меѓу најголемите критичари на српскиот тенисер.

„Демонизацијата на Ѓоковиќ мора да прекине“, е коментарот на еден од уредниците на „Телеграф“, Сем Браун.

Тој застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ поради хајката во Австралија, тој ги потсети дека Србинот не открил дали е вакциниран или не и дека нападите се без причина.

„Доколку мислите дека ковид пасошите се нелиберални, пробајте да живеете на северот од Австралија каде има наредба секој нема да се вакцинира два пати ќе мора да плати 2.700 фунти. Поради тоа не е изненадување што познат скептик кога станува за вакцинацијата, Новак Ѓоковиќ му се закануваат со целосна забрана на тенисерот кој ќе атакува на 21. грен слем турнир. Ѓоковиќ е демонизиран бидејќи одбива да се вакцинира, но постојат два проблеми. Прв е дека Ѓоковиќ сè уште не го објасни својот статус. Втората е дека прележа коронавирус“, пишува Браун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот