Ѓоковиќ ја започна 344 недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ и натаму ја држи предноста пред најголемиот ривал Данил Медведев/ Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Иако не игра уште од грен слем турнирот „УС Опен“, Новак Ѓоковиќ ја држи предноста во однос на најголемиот ривал оваа сезона, Данил Медведев.

Србинот има моментно 11,430 поени, вкупно 1800 повеќе од шампионот на „УС Опен“ годинава, Медведев од Русија, а третопласиран е Гркот Стефанос Циципас со 7,930 поени.

Во Топ 10 на АТП листата единствената промена е скокот на Каспер Руд на осмото место, со што го престигна Доминик Тим кој веќе неколку месеци не игра поради повреда.

Јаник Синер се искачи на 11 позиција и е блиску до најдобрите 10 светски тенисери, додека продолжува падот на Рожер Федерер кој сега се наоѓа на 15 место.

Топ 10, АТП листа –

1. Новак Ѓоковиќ 11,430 поени
2. Данил Медведев 9,630
3. Стефанос Циципас 7,930
4. Александар Зверев 6,680
5. Рафаел Надал 5,635
6. Андреј Рубљов 5,560
7. Матео Беретини 4,688
8. Каспер Руд 3,615
9. Доминик Тим 3,405
10. Хуберт Хуркач 3,378

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот